Турција затвора над 600 училишта

0
461

Вкупно 620 образовни институции, вклучувајќи и 524 приватни школи и 102 други поврзани институции, како што се домови за студенти и центри за подготовки на испити ќе бидат затворени од страна на турското Министерство за образование.

Правните процедури се веќе почнати, а институциите се оптужени за “злосторство против уставниот поредок”.

Турските власти, исто така, досега суспендираа над 20 илјади наставници кои на некаков начин се поврзуваат со организирање на воениот удар и со Фејтулах Ѓулен.
Само четири ден по обидот за воен удар, во кој загинаа најмалку 240 луѓе, во Турција се отпуштени околу 60.000 вработени во јавниот сектор, заради сомневање за поврзаност со бунтот. Станува збор за војници, полицајци, судии, државни службеници, професори…