Турците фатија екстремисти кои подготвувале нов голем напад во Истанбул

0
333
Турската полиција уапси три лица за кои постоел сомнеж дека планирале голем терористички напад во Истанбул.

Агенцијата „Анадолија“ пренесува дека турската полиција извела операции на три различни адреси во Истанбул врз основа на информациите на турската анти-терористичка агенција и германската разузнавачка служба. При рацијата, уапсени биле еден турски државјанин, еден Ирачанец и еден Сириец.

Турските безбедносни сили на југот на земјата уапсиле уште десетина други лица за кои постои основано сомнение дека се поврзани со озлогласената терористичка организација – Исламска држава.

Без коментари

LEAVE A REPLY