Турците најбројни туристи во Македонија

0
981
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Се зголемува бројот на туристи кои што ја посетиле Битола, а од нив најбројни биле турските државјани. Вака велат од Завод и Музеј од Битола. И статистиката на Државен завод пресмета дека во април најбројни посетители на земјава биле турските државјани.
Бројот на туристите во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 18.4%, а бројот на ноќевањата пораснал за 18.6%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2017 година изнесува 68 047, а бројот на ноќевањата e 140 081.
Бројот на домашните туристи во април 2017 година, во однос на април лани е зголемен за 15.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.6%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 15%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 21.1%.
Во периодот јануари – април 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.4%, а кај странските има зголемување за 11.4%.
Во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.4%, а кај странските има зголемување за 14.6%.
Македонија ја посетиле над 4000 Бугари и Грци, над 3000 Срби, над 10.446 Турци и други.