Туск: Ќе покажам важен документ за Brexit

0
279

Претседателот на ЕУ ќе ја  претстави преговарачката стратегија за Brexit

Продолжува процесот на излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ќе претстави идеи како да се реализира  Brexit.

Тие ќе бидат испратени на сите земји-членки на Заедницата. Германија и Франција веќе се здружија против повикот на Тереза Меј за паралелно договарање на условите по заминувањето и се очекува проектот на Туск да биде во истиот дух.

Најверојатно насоките ќе содржат и повеќе детали за можниот  преоден период меѓу Brexit кој треба да стане факт на 29 март и стапувањето во сила на новиот трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ неколку години подоцна.

Home Page