Туск: Слободата и солидарноста се многу посилни од стравот

0
240

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска во Тирана дека „слободата и солидарноста се многу посилни од насилството и стравот“.

Тој изјави дека борбата против екстремизмот е политички долг и го оквалификува како „најголем предизвик на нашето време“.

ЕУ ја поддржува Македонија во справувањето со бегалската криза бидејќи ситуацијата сега е посложена од претходно. Македонија има целосно право да ги штити своите граници како и сите останати земји од унијата и регионот и  за тоа и е потребна не само хуманитарна туку и техничка помош. Ова е пораката која ја упати Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на средбата со претседателот на Р.Македонија Иванов.

Премиерот Никола Груевски, денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, г-дин Доналд Туск.

Во однос на мигрантската криза, беше истакнато дека новите состојби кои се резултат на одлуките на поголем број на земји за пропуштање исклучиво на бегалците од регионите зафатени со воени кризи, а не на економските мигранти, создава нови предизвици и бара механизми кои ќе обезбедат можности за нивно надминување.

Претседателот на Владата го информираше соговорникот дека низ Република Македонија во изминатиот период транзитираа над 600 илјади лица, и дека во целиот период институциите совесно и одговорно се грижат за здравствениот, хуманиот и логистичкиот третман на лицата кои транзитираат.

Соговорниците се согласија дека нашата земја се наоѓа во специфична состојба при која во Република Македонија влегуваат бегалци од земја членка на Европската Унија, па затоа е потребен поголем ангажман и координираност на домашните и на европските институции во процесот на транзит на овие лица.