Дали тутунопроизводителите ќе добијат повисока откупна цена?

0
1276

Во пресрет на откупот на тутун од подрачната единца на Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство информираат дека оваа година тутунот бил поквалитетет и имало поголем принос. Ако ланската година имало 2,5 илјади тони тутун оваа година се очекувало 2800 тони тутун

srbinovski

-Оваа година иако тутунот посаден на помали површини од минатата година, се очекува да има поголем принос, изјави Илија Србиновски, раководител на ПЕ МЗШВ-Битола

Официјалните откупни цени се формирани за 4 категории на тутун. Минатата година на тутунарите им беше откупен тутунот со пониска цена поради лошиот квалитет, оваа година Србиновски вели дека тутунот е со подобар квалитет што автоматски тутуноприоизводителите ќе добијат повисока цена.

tutun 1

Според Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот која што  Македонија ја ратификуваше во 2006 година,  континуирано и значително треба да се редуцира распространетоста на употребата на тутун и изложеноста на чадот од тутун,поради штетноста по здравјето на луѓето. Доколку се започне со намалување на површините, тогаш дел од тие што се засадените со тутун ќе треба да се пренаменат. Тутунарите велат дека е тешко друга култура да успее онаму каде што претходно се садело тутун, но дека има региони каде што може да се пренаменат површините. Владата на тутунарите им исплаќа субвенција едно евро за килограм откупен тутун.