Уапсен градоначалникот на Будва и уште неколку функционери

0
1032

Градоначалникот на Будва, Лазар Раѓеновиќ, некогашниот прв човек на општината, Рајко Куљача, советникот на премиерот, Александар Тичиќ, поранешниот потпретседател на општина Будва Драган Маровиќ, неговата внука Милена Маровиќ Богдановиќ и уште неколкумина други се уапсени по налог на јавното обвинителство.

Според неофицијални информации, како што пренесува Вијести, полицијата ги апси раководителите и службениците на општината Будва поради сомнение дека при изградбата на Трговскиот центар Плаза и платото на плажата Јаз со злоупотреба на службената положба ја оштетиле општината за неколку милиони евра.

Меѓу уапсените се потписниците на спорните договори околу изградбата на ТЦ Плаза и платото на Јаз. Уапсени се и членовите на Комисијата на потесното општинско раковидство кое ја потпишало спорната службена забелешка Анекс 3 за изградба на трговскиот.

Според проценката на судските вештаци ангажирани од обвинителството Општината Будва со изградбата на платото Јаз директно е оштетена за 2,1 милиони евра, а милионска штета е направена и со Анексот 3 за ТЦ Плаза.

Уапсените во текот на денот ќе бидат сослушани пред главниот специјален обвинител Миливое Катиниќ./крај/в/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY