Уапсен и втор осомничен за нападот во метрото во Лондон

0
247

Полицијата во Велика Британија соопшти дека уапсиле уште еден човек во врска со бомбашкиот напад во лондонското метро. Во нападот во петокот беа повредени 29 луѓе. Од полицијата денеска соопштија дека уапсиле 21 годишен маж, кој не е идентификуван. Човекот бил уапсен во западен Лондон, кон крајот на 16 септември. Претходно полицијата уапси 18 годишно момче, по што следуваше претрес и евакуација на населението во населба во малиот град Санбери во јужна Англија.