Уапсен Македонски државјанин кој регрутирал џихадисти

0
510
GRAPHIC CONTENT An image made available by the jihadist Twitter account Al-Baraka news on June 16, 2014 allegedly shows Islamic State of Iraq and the Levant (ISIL) militants executing members of the Iraqi forces on the Iraqi-Syrian border. The unrest sweeping Iraq is a direct result of the world's indifference to the conflict in neighbouring Syria, former peace envoy Lakhdar Brahimi told AFP in an interview. AFP PHOTO / HO / ALBARAKA NEWS === RESTRICTED TO EDITORIAL USE - MANDATORY CREDIT "AFP PHOTO / HO / ALBARAKA NEWS" - NO MARKETING NO ADVERTISING CAMPAIGNS - DISTRIBUTED AS A SERVICE TO CLIENTS FROM FROM ALTERNATIVE SOURCES, AFP IS NOT RESPONSIBLE FOR ANY DIGITAL ALTERATIONS TO THE PICTURE'S EDITORIAL CONTENT, DATE AND LOCATION WHICH CANNOT BE INDEPENDENTLY VERIFIED ===

Антитерористички тим на италијанските карабинери во близина на Венеција денеска уапси македонски државјанин осомничен за регрутирање муџахедини кои сакаат да се борат во редовите на Исламска држава.

Идентитетот на осомничениот не е познат, а според информации од италијанската агенција АНСА, во радикалниот ислам него го вовел неименуван босански имам.

Истрагата опфаќала неколку лица од Балканот осомничени за регрутација на странски борци за фронтовите на блискиот исток.

Истрагата на италијанските служби открила дека неколку борци од македонско и босанско потекло заминале од Италија во Сирија, од кои двајца беа убиени во 2013 и 2014 година, додека третиот се уште е во воената зона.