Уапсен маж кој планирал убиство на Макрон

0
341

Осомничениот е екстремно десничарски екстремист, обвинет е за заговор за убиство на францускиот претседател Емануел Макрон за време на парадата на Денот на Бастилја подоцна овој месец, пренесе Би-би-си.

23-годишниот беше уапсен во предградието на Париз минатата среда, откако полицијата беше предупредена од корисниците на чет-рум за видеоиграта каде што тој наводно рекол дека сака да купи оружје.

Тој, исто така, рекол дека сака да ги нападне малцинствата, изјави извор од судството за АФП.

Макрон треба да се обрати до нацијата подоцна.

Инспекторите пронашле три кујнски ножа во возилото на осомничениот за заговор и од анализата на неговиот компјутер откриле дека извршил интернет пребарувања за можни цели.

По неговото апсење, тој на  полицијата ѝ изјавил дека сака да ги нападне „муслиманите, Евреите, црнците, хомосексуалците“.

Осомничениот минатата година бил осуден за одобрување на тероризмот откако го пофалил норвешкиот масовен убиец Андерс Бревик, кој уби 77 луѓе во јули 2011 година.

Тој бил осуден на три години затвор, одлежувајќи ја половина од казната.