Уапсен најголемиот наркобос на Перу во Колумбија

0
460

Најголемиот наркобос на Перу, Херсон Галвес е уапсен вчера во еден ресторан во колумбискиот град Меделин, соопшти колумбиското Министерство за одбрана.

По Галвес била распишана потерница од Интерпол и тој се смета за „новиот Ел Чапо Гусман на Јужна Америка“. Тој е познат под името Каракол и властите во Перу го бараат поради убиства, шверц на дрога и учество во криминална организација. За него е понудена дури и награда од 150.000 долари.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ја поздрави националната полиција поради апсењето на „еден од најопасните наркобосови во регионот“.