Уапсен претседателот на кумановскиот суд

0
250

Во рамките на утринската акција на полицијата уапсен е и претседателот на Основниот суд во Куманово, потврдија за Телма извори од надлежното обвинителство. Покрај претседателот на судот уапсени се уште 11 лица осомничени за лихварство и други кривични дела.

МВР веќе потврди дека во тек е акција во скопско и кумановско против припадници на група осомничена за трговија со дрога и оружје, изнуди и лихварство.

Истовремено, и судскиот совет по одржаната итна седница на барањето на основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, соопшти дека донел одлука  за одземање на имунитет на судија , претседател на основниот суд.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, потврди дека се води истражна постапка против 12 лица, од кои едно лице се гони за кривично дела злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување, кои ги сторил како носител на висока функција во основниот суд Куманово. Останатите 11 осомничени се гонат за сторени кривични дела злосторничко здружување, лихварство, изнуда и криумчарење мигранти.  За сите 12 лица обвинителството предложило определување мерка притвор.