Уапсен припадник на ИСИС од Скопје

0
653

Министерството за внатрешни работи го приведе С.Ф.(23) од Скопје, кого го бараше од август, кога против него во рамките на акцијата „Ќелија” беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации.

Како што информираа од МВР, на пријавениот од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор.

 Според сознанијата, тој пролетва бил припадник на ИСИС во Сирија, а од претходно е познат сторител на насилни имотни кривични дела, велат од МВР.
Акцијата Келија беше спроведена на 6 август и тогаш беа уапсени 8, од вкупно 36 лица кои беа под сомнение дека учествувале или биле логистика за праќање на борци на страната на терористичката група Исламска држава.

По апсењето на деветмината, беа уапсени уште три лица, меѓу кои и еден на Косово.

Без коментари

LEAVE A REPLY