Уапсен Сириецот осомничен за планирање напади во Германија

0
195

Германската полиција го уапси 22-годишниот Сириец осомничен за тероризам, кој беше во бегство од саботата. Џабер ал-Бакр, осомничен за планирање напади, е уапсен во Лајпциг.

Полицијата на Твитер кусо соопшти дека осомничениот Џабер ал-Бакр е идентификуван со сигурност и дека се повлекува меѓународната потерница по него.

Според информации на телевизијата МДР, специјална единица на полицијата го уапсила Ал Бакр во стан на негов сонародник. Во акцијата биле вклучени и хеликоптер и единица за деминирање.

„Шпигел“ јави дека 22-годишниот Ал Бакр во станот на неговиот сонародник бил уапсен 40 минути по полноќ. Претходно, Сириецот на железничката станица во Лајпциг му се обратил на сонародникот и го прашал дали може да преспие кај него. Сириецот го поканил дома и вечерта ја информирал полицијата, откако слушнал дека по Ал Бакр е распишана потерница. Полицијата во станот го нашла Ал Бакр заврзан.