Уапсен Сулејман Османи, осомничен за настаните во Куманово

0
154

Косовската полиција во понеделникот го уапсила Сулејман Османи, командант Сула кој и избега на македонската полиција додека им го покажувал скриеното оружје од полициската станица во Гошинце.

“Можам да потврдам дека, врз основа на меѓународната потерница издадена од Македонија, косовската полиција вчера уапси осомничено лице со иницијали С.О, за кое постои сомневање дека бил вклучен во случајот во Куманово” изјавил портпаролот на косовската полиција, Баки Келани.
Османи бил уапсен во куќа во селото Летнице, општина Витина. Кај него бил пронајден пиштол со муниција.
Османи побегнал во Косово, а е осомничен за инцидентот во Куманово којшто се случи на 9 и 10 мај кога два дена македонската полиција водеше борби со голема вооружена група во „Дива населба” во Куманово.
Освен за инцидентот во Куманово, Османи е осомничен и за нападот на караулата во Гошинце што се случи претходно.
Во неговата куќа во Брест беше пронајден голем дел од украденото оружје од караулата.
Откако и избега на македонската полиција Османи за косовските медиуми изјави дека по телефон добиле информации дека ќе ги преземе ОБСЕ и затоа се предале во Куманово.
Во борбите загинаа осум полицајци и десетмина припадници на вооружената група./крај/ффс