Уапсен тинејџер за нападот во Лондон

0
241
epa05056515 A London police officer stands outside the Leytonstone Underground station in London, Britain, 06 December 2015. Counter-terrorism officers are investigating the attack at Leytonstone station in east London after they tasered and arrested a suspect, who was 'reportedly threatening other people with a knife,' the Metropolitan Police said. Police have detained the man suspected of stabbing several people, seriously injuring one of them, at the subway station late 05 December and are treating the attack as a 'terrorist incident.' EPA/WILL OLIVER

Британската полиција соопшти дека денеска уапсила едно 18-годишно момче, под сомнеж дека е поврзано со вчерашниот бомбашки напад во лондонското метро, при што беа повредени 29 лица.

Британскиот национален координатор за борба против тероризмот, Нил Бејсу информира дека тинејџерот бил уапсен во реонот на градот Довер, што се наоѓа на брегот на Ламанш.

„Иако сме задоволни од постигнатиот напредок, истрагата продолжува и нивото на закана останува критично“, изјави Бејсу.

Тинејџерот, чиј идентитет не е соопштен, е приведен на распит врз основа на одредбите од Законот за борба против тероризмот и засега против него се покренати никакви обвиненија.

Телевизијата Скај претходно јави дека од снимките од безбедносните камери полициските службеници го идентификувале поставувачот на бомбата во вагонот на метрото, но засега нема информации дали тоа е денеска приведениот тинејџер.