Уапсен уште еден осомничен во акцијата „Ќелија“

0
212

Уапсено е уште едно лице осомничено во антитерористичката акција „Ќелија“, во која беа приведени лица за кои постојат докази дека војувале во редовите на ИСИС во Сирија.

Според првичните информациите, лицето било приведено вчера во Скопје, а во текот се очекува МВР да соопшти нови детали.

 Инаку, во полициската акција „Ќелија“ беа уапсени девет лица, а се трагаше по 27 лица. За 20 од нив постои сомнение дека сеуште се наоѓаат на боиштата во Сирија.

МВР во акцијата првично изврши вкупно 28 претреси од кои 21 претреси на дом и други простории во Скопје, 4 во Гостивар и по еден во Тетово, Куманово и Струга, кај вкупно 24 физички лица и 4 објекти. Меѓу четирите објекти беше „Фастнет“ – интернет кафе во Скопје, придружните објекти на Тутунсуз џамија, како и просториите на невладините организации „Искра на милоста“ и „Исламска младина-Сарај“.