Уапсена „девојката со зелените очи“ од насловната на „Нешнал Џиографик“

0
223

Авганистанската жена со светло зелени очи, чија слика се претвори во една од најпрепознатливите насловни
на списанието „Нешнал Џиографик“, била уапсена во Пакистан под обвинение за поседување на фалсификувани документи.

Фотографијата на тогаш 12-годишната Шарбат Гула ја направи фотографот Стив МекКари во пакистански бегалски камп и стана една од најпознатите насловни страници во историјата.

Доколку е прогласена за виновна, Гула ќе добие 14 години затвор и парична казна од помеѓу 3000 и 5000 долари, предупредуваат властите во Пакистан. Таа е уапсена во северозападниот град Пешавар по двегодишна истрага.

-Пакистанската Сојузна разузнавачка агенција ја уапси Авганистанката за тоа што имала лажна лична карта- изјави локален претставник на националната служба за регистрација.

Фотографот МекКари изјавил дека е посветен да и помогне, правно и финансиски.
-Јас сум против цела оваа акција од страна на властите. Таа претрпе многу во текот на целиот свој живот. Нејзиното апсење е острата повреда на нејзините човекови права- изјавил МекКари.