Уапсена најопасната жена на светот

0
181

Една од најпознатите жени убијци во Мексико, Мелиса Маргарита Калдерон Оједа (31) уапсена е откако ја предал партнерот, кој се спогодил со властите и во замена за информација за неа добил помала затворска казна.

Калдерон Оједа, во светот на мексиканското подземје е позната како „La China” и се верува дека се наоѓа на чело на група на убијци која брои повеќе од 300 членови. Се смета дека е одговорна за повеќе од 150 убиства во период од 10 години во мексиканската покраина Баха Калифорнија Сур.

Мексиканските власти известиле дека е уапсена на 19 септември без ниту еден испукан куршум, благодарејќи на податоците за нејзиното скривалиште.

Меѓутоа, според информациите на медиумите, била предадена од нејзиниот партнер Хектор Камарена Гомез, кој бил уапсен претходно. Калдерон Ојдеа е уапсена на аеродромот Лос Кабос на северот на Мексико и со тоа е прекината нејзината “кариера“.

Без коментари

LEAVE A REPLY