Уапсена откако 50 години земала пензии на починатите родители

0
141

Јапонка е уапсена откако е откриено дека ги примала пензиите на своите родители починати пред 50 години, објави во петокот полицијата.

Сега 86-годишната Муцуе Сузики, на овој начин, за половина век си осигурила сума од 375.000 евра на име на пензиите на нејзините родители починати во 1960-те.

Во Јапонија и претходно се забележани случаи, кога лица се во состојба да живеат со години со останките на починатите родители за да ги земаат нивните пензии.

Последната ваква измама е откриена кога претставник на пензиското осигурување дошол да ја провери здравствената состојба на пензионерската двојка којашто според документите би требало да имаат повеќе од сто години, и открил дека починале пред половина век.