Уапсени 11 лица осомничени за тероризам во Сараево

0
284

Вкупно 11 лица осомничени за кривични дела во врска со тероризам уапсени се во вторникот изутрина на подрачјето на Сараево во голема акција на полицијата по налог Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Агенцијата Фена неофицијално дознава дека во акцијата бил уапсен и еден од главните водачи на групата која подготвувала терористички напад.

Мета на полициската акција се петнаесетина лица за кои постои сознание и докази дека се блиски и одржуваат контакти со радикални групи и структури за Исламската држава, како и со структурите поврзани со лица на боиштата во Сирија и Ирак, пренесе Фена.

Спроведен претрес на две верски локации, како и во неколку куќи и приватни објекти.

При претресот пронајдени се и одредени доказни материјали кои укажуваат на поврзаност со структурите на Исламската држава./крај/