Уапсени 12 луѓе по самоубиствениот напад во Бурса

0
297

Турската полиција уапси 12 лица заради самоубиствениот бомбашки напад во градот Бурса, на северозападот на земјата, јави во четврток турската НТВ.
Детали од апсењето засега нема.

Жена бомбаш-самоубиец се разнесе во среда во близина на големата џамија во тој турски град, ранувајќи најмалку осум луѓе. /крај/он/ст