Уапсени 15 лица поради групно силување на мајка и дете

0
760

Полицијата во северна Индија уапси 15 лица, осомничени за групно силување на жена и нејзината ќерка, извршено во реонот на фреквентен автопат.

Мајката и детето патувале заедно со тројца роднини во автомобил, кој бил сопрен од страна на мажи со метални прачки.

Силувачите ги извлекле патниците од автомобилот и ги однеле на ливадата близу автопатот, каде ги врзале роднините и пред нив ги силувале жената и детето.