Уапсени 19 лица заради катастарски малверзации тешки над 5 милиони евра

0
714

Во акцијата насловена „Геодет“ која ја спроведе финансиската полиција уапсени се 19 лица кои се товарат за катастарски малверзации, тешки над 5 милиони евра.

Помеѓу уапсените се девет актуелни и двајца поранешни вработени во Агенцијата за катастар на недвижности. Еден е сопственик на приватна геодетска фирма од Скопје а седум лица к незаконски се стекнале со недвижен имот.

На товар на уапсените им ставаат повеќе кривични дела и тоа „Злоупотреба на службената положба и овластување“ „Соизвршителство“, „Примање поткуп“, „Поднесување на лажни докази“ и „Помагање“.

Според финансиската полиција главен организатор на криминалот е Т.Б(33).  до скоро вработена како дипломиран правник во скопскиот катастар, а во шемата биле вклучени и шалтерски работници, поголем број на геодети и тројца раководители.

Сите уапсени во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1-Скопје кој треба да одлучи дали пријавените ќе завршат во притвор или ќе се бранат од слобода.

Инаку, акцијата  „ГЕОДЕТ“, Финансиската полиција ја отвори како резултат на официјалната пријава од Агенцијата за катастар на недвижности чиј што Сектор за внатрешна контрола при редовните контроли во Центарот за катастар на недвижности во Скопје детектирал поголем број на предмети кои од страна на службените лица не се постапени согласно Законот за катастар на недвижности и подзаконските акти донесени согласно овој закон.