Уапсени 60 турски бизнисмени во Русија

0
446

Шеесет турски бизнисмени се изведени пред суд во Москва, откако синоќа биле уапсени по учество на агроиндустриски саем.

Според турските медиуми, московски суд одлучил тие да останат во притвор 10 дена, а потоа да бидат екстрадирани.

Станува збор за 60 бизнисмени од 22 турски компании. Еден од приведените изјавил за Си-Ен-Ен Турк дека досега можеле да учествуваат на саеми само со туристички визи, пишува МИА.

Руските власти го образложиле ваквиот потег, наведувајќи дека туристичката виза не е доволна за нивниот престој во Москва.