Уапсени четири лица поврзани со Ѓулен

0
269

Азербејџанските власти соопштија дека уапсиле четири лица поврзани со турскиот свештеник Фетула Ѓулен кого Турција го обвини дека стои зад обидот за државен удар.

Четирите неименувани лица се осомничени за злоупотреба на позициите додека работеле во компанија за мобилна телефонија. Тие се товарат дека давале приватни информации за корисниците и нивната телефонска историја, соопшти вчера азербејџанското обвинителство.

За време на рацијата во домот на еден од обвинетите, истражувачите откриле „верска литература, ЦД-а, брошури со говори на Фетулa Ѓулен и други документи”, јавува АФП.