Уапсени двајцата најголеми нарко-босови во Србија

0
190

Министерството за внатрешни работи на Србија објави снимки од апсењата на двајцата дилери на дрога за кои српскиот министер Небојша Стефановиќ изјави дека се најголемите во Србија.

Стефановиќ кажа дека во акцијата, во која бил уапсен нарко-босот М.Т. од Нови Пазар, биле уапсени уште четири лица.

 Српскиот министер истакна дека полицијата утринава влегла во просториите и становите кои биле користени на териториите на Нови Сад и Нови Пазар, и дека преку нив со години бил шверцуван хероин од Турција низ територијата на Србија кон Западна Европа.

Стефановиќ доаде дека српската полиција во последните четири месеци запленила 13 килограми хероин на таа криминална група, а дека преку акцијата биле откриени организаторите и врвот на пирамидата на шверцот на дрога, истакнувајќи дека било најдено и автоматско оружје.

Без коментари

LEAVE A REPLY