Уапсени, па пуштени двајца активисти од „Шарена револуција“

0
351

Полицијата ги уапси синоќа по протестот, а потоа ги пушти демонстрантите од „Шарената револуција“, Симона Спировска и Павле Богоевски.

Двајцата беа однесени во полициската станица Беко, по што беа ослободени по краток информативен разговор.

Спировска добила пријава, затоа што не носела лична карта, а Богоевски добил пријава за прекршување на Законот за јавна чистота, најверојатно поради боење на фасадата на Министерството за правда.

Демонстранти се собраа пред полициската станица за да им дадат поддршка.

Двајцата активисти велат дека на ваков начин власта нема да ги спречи да протестираат.