Уапсени пет лица во Турција за навреда на Ердоган

0
272

Петтемина мажи од јужниот округ Шанлафура се обвинети дека го навредиле претседателот на социјалните мрежи.

Уапсено било и шесто лице, но набрзо потоа ослободено.

Процесите за навреда на Ердоган зачестија од неговото избирање за претседател во август 2014 година, што според неговите противници е знак за неговото авторитарно однесување.

Во Турција започнале над 2.000 судски процеси против новинари и луѓе од уметноста, како и против обични граѓани. Казните во тие процеси во повеќето случаи се ограничуваат до пресуда затвор условно.