Уапсени полицајци и судии поради мито и корупција!

0
377

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ соопшти дека се уапсени 46 лица осомничени за криминал и перење пари, пренесуваат српските медиуми.

Како што рекол министерот, уапсени се пет лица за кои се сомничи дека од 2009 гпдина до денес извршиле повеќе кривични дела и перење пари.

Исто така, уапсени се и 15 припадници на белградската сообраќајна полиција кои извршиле кривично дело примање мито, со што е причинета материјална штета од три милиони динари.

Уапсен е и судија за прекршоци во Гуча поради примање на мито, како и службеничката на ПИО фондот која внесувала фиктивен работен стаж на поединечни граѓани со што буџетот е оштетен за 4,5 милиони динари.

Стефановиќ рекол дека борбата против корупцијата е многу важна и дека полицијата ќе покаже дека сите кои тоа го прават ќе бидат санкционирани и ќе сносат одговорност. Уапсените се товарат дека го оштетиле буџетот на Репбулика Србија, АП Војводина и повеќе општини во Србија за седум милиони евра.