Уапсени се уште двајца за автомобилот со боци во Париз

0
209

Се бара  19-годишно девојче, ќерка на сопственикот на автомобилот.

Уште една брачна двојка е уапсена во Франција во врска со автомобилот пронајден крај париската катедрала Нотр Дам, пренесе Ројтерс. Апсењето беше извршено синоќа, соопштија денеска судски извори. Првата двојка, на возраст 34 и 29 години, беше уапсена во вторникот на автопат во јужна Франција.

Во возилото откриено во близина на катедралата, една од најпопуларните туристички дестинации во Париз, не беше пронајден детонатор, но имаше документи на арапски, пишувани на рака.

Претходно беше соопштено дека француската полиција трага по млада жена, соопшти Ројтерс, цитирајќи полициски и правосудни извори.

Сопственикот на автомобилот исто така е уапсен, но подоцна беше ослободен, бидејќи сам отишол во полицијата во неделата, за да пријави дека неговата ќерка исчезнала со автомобилот.

Токму таа е 19-годишното девојче кое се бара, а полицијата знаела дека таа има намера да замине за Сирија.

Франција е во состојба на максимална тревога, откако „Исламска држава” ги повика своите приврзаници да ја нападнат земјата поради нејзиното учество во бомбардирањето на бази на групата во Ирак и Сирија. Во последните 18 месеци во Франција при исламистички напади беа убиени повеќе од 200 лица.