Уапсени терористи во Шпанија

0
169

Шпанските и мароканските власти уапсија шест џихадисти што се подготвувале да извршат неколку терористички напади, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи.

Шпанската и мароканската полиција разбија терористичка организација составена од шест членови, се наведува во соопштението.

Петмина од уапсените лица се Мароканци, а еден е Шпанец со мароканско потекло, соопшти Министерството за внатрешни работи на Шпанија.