Уапсени уште две лица поврзани со нападот во Манчестер

0
309

Британската полиција уапси уште две лица кои се поврзани со терористичкиот напад во Манчестер, со што бројот на уапсени лице сега изнесува осум луѓе.

Покрај тоа, полицијата и безбедносните служби, пронашле уште експлозивни направи и експлозив кој можел да биде употребен по терористичкиот чин во „Манчестер арена“, кога во понеделникот загинаа 22 лица, а речиси 60 беа повредени.

Како што објави „Индепендет“ една експлозивна направа била уништена во контролирана експлозија.

Безбедносните служби се загрижени дека другите бомби ги направила мрежата на осомничени со намера да изведе нови напади, пренесе агенцијата Ројтерс.