Убиен е главниот осомничен за нападот во Барселона

0
347

Шпанската полиција потврди дека го убила осомничениот напаѓач Јунес Абујаакуб, кој со комбе изврши терористички напад во четвртокот на „Ла Рамблас“.
Каталонската полиција денеска во Субиратс, во близина на Барселона, во рамки на потрагата по напаѓачот застрела маж кој на себе носел нешто што личело на појас со експлозив. Веднаш по пукотниците, била повикана екипа за деактивирање експлозиви.

Претходно во текот на денот шпанските медиуми јавија дека во Шпанија се случил нов инцидент – во градот Субиратс, кој се наоѓа на 45 километри западно од Барселона, и дека полициската операција е во тек.

Во нападот што се случи во четвртокот на шеталиштето „Ла Рамблас“ во Барселона и летувалиштето „Камбрилс“ се убиени 15 лица, а повредени се повеќе од 120 лица.

http://makfax.com.mk

Без коментари