Убиен напаѓач, откако застрела седум лица

0
535

Полицијата убија 49-годишен маж, кој претходно застрела седум лица, покрај базен на станбен комплекс во Сан Диего, Калифорнија, пренесоа американските медиуми.

Полицискиот началник на Сан Диего соопшти на прес-конференција дека полицијата добила информација за маж кој пука кон луѓе. Хеликоптер на полициската управува пристигнал на местото. Тројца полицајци пукале во напаѓачот и го убиле, откако тој го насочил своето оружје против нив.

Четири црни жени, еден црн маж и еден хиспаник маж биле однесени во болница, каде што една од жените починала, пренесува БТА.

Идентитетот на напаѓачот е утврден, но засега не се знае ништо за неговите мотиви.