Убиен полицаец додека спречувал семејно насилство

0
1067
Психички растроен маж со нож  го уби 36 годишниот полицаец  Горан Станишевски од Куманово. Полицаецот починал синоќа околу 22 часот кога во обид да го приведе агресивното лице  во неговиот дом во кумановската населба Средорек. Лекарите од итна помош побарале интервенција од полицијата откако Енвер Бајрамовски ги истепал неговата мајка и сестра кои завршиле со повреди во болница.
„На местото на настанот полициските службеници ги пречекал неговиот татко и им рекол дека е во куќата. Сите четворица полициски службеници се упатиле внатре, но поради тесниот пристап до влезот прв бил сега починатиот, а по него останатите. Кога влегле внатре лицето замавнало со стаклен предмет кон нив, но никого не повредило. Во тој момент сега починатиот забележал дека напаѓачот има нож и им рекол на колегите да се повлечат. На излегување им рекол дека најверојатно е повреден со нож, изјави Наталија Спирова Кодриќ, портпарол во МВР
И покрај обидите на лекарите да го одржат во живот, Станишевски им подлегнал на повредите.
(Фото: СДК.МК)