Убиени 80 екстремисти на ИД

0
114

Авијацијата на Воено воздухопловните-вселенски сили на Русија уништија три конвои на Исламска држава и при тоа убија 80 екстремисти, изјавија извори од руското Министерство за одбрана, јави ТАСС.

– Синоќа припадници на терористичка група на ИД повторно се обидоа да се префрлат во Палмира. Три воени конвои го напуштија градот Рака, упатувајќи се кон југ, користејќи различни рути. Нивното движење го откри нашата разузнавачка служба, изјави претставник на Министерството.

Во операцијата на руските сили се уништени 36 возила, осум цистерни со гориво и 17 џипови.