Убиени двајца полицајци, двајца бунтовници и работник

0
495

Екстремистите на ПКК ја нападнале синоќа полициската станица во градот Позанти во јужната провинција Адана, при тоа убивајќи двајца полицајци.

Во размена на оган убиени се и двајца бунтовници, рече гувернерот на таа провинција Мустафа Бујук, додавајќи дека бунтовниците биле вооружени со автоматски пушки и со рачни бомби.

Во источната провинција Карс бунтовниците активирале бомба поставена на железничките шини и потоа пукале врз работниците што биле испратени да ја поправат пругата, изјавие заменик-гувернерот, кој додале дека еден работник е убиен, пренесе агенцијата Анадолија.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека ќе продолжат нападите врз ПКК, која Анкара и нејзините западни сојузници ја сметаат за терористичка организација, и покрај повиците на главната прокурдска партија да продолжи мировниот процес.