Убиени петмина моторџии во околината на Москва

0
396

Во Московската област се убиени петмина моторџии, а по неколкучасовната потрага полицијата го приведе напаѓачот, кој во меѓувреме ја признал својата вина, пренесе ТАСС.

Нападот бил изведен крај напуштена пиварница во Еворевскиот регион, во Московската област.

Напаѓачот пукал врз петмината моторџии со карабина Сајга. Постојат сомненија дека тој од минатото имал нерасчистени сметки со сега убиените и дека нападот всушност му бил добро испланиран.

Се претпоставува дека петмината моторџии требало да учествуваат на едно моторџиско собирање недалеку од местото на злостроството. На тоа собирање требало да земат учество стотици моторџии.

Откако медиумите информираа за убиството на петмината, неколку групи почнале самостојно да го бараат убиецот.

Москва е под силно обзебедување во пресрет на големата парада на Црвениот плоштад за Денот на победата.