Убиецот на двајцата новинари во САД оставил проштално писмо

0
335

Убиецот на двајцата телевизиски новинари Вестер Ли Фланаган оставил проштално писмо. Во него тој вели дека пукал поради „расна дискриминација“. Ова го соопшти „ABC“ повикувајќи се на писмото што е добиено по факс.

Во писмото Фланаган раскажува дека со нападот се одмаздил за пукањето во Чарлстон на 17 јуни, во кое 21-годишен бел Американец застрелал 9 Афроамериканци. Фланаган исто така, тврди дека тој самиот бил предмет на расна дискриминација, сексуални напади и слично во работата.

41-годишниот Фланаган кој кратко работел за телевизискиот канал, пукаше во своите колеги за време на утринскиот блок. Трагедијата се случи во градот Мони, сојузната држава Вирџинија.

Новинарот Алисон Паркер и операторот Адам Вард починаа на лице место. Потоа тој се застрела и почина во болница.

Во меѓувреме на место на настанот на двајцата новинари се одржа церемонија во нивна чест.