Убиецот од Карбинци се предал на полицијата

0
752

Мустафа Шефаит (35) кој завчера со автоматска пушка пукаше во сопствениот брат Ќемал во селото Ебеплија, општина Карбинци утрово во 9 часот се предал на полицијата.

Од СВР-Штип повеќе детали најавија за подоцна или во текот на утрешниот ден. Шефаит  е во полициска станица и со него се води разговор за расчистување на случајот.

Тој  во март 2000 година со ловџиска пушка уби три, а тешко рани двајца луѓе во карбинското село Црвулево. Осуден беше на казна затвор од 20 години по што казната му е намалена на 16 години. Пред година и пол убиецот излегол од затвор. Шефаит ги тероризирал жителите на околните села, а велел дека на список за отстрел има 81 човек за кои смета дека го предале пред 16 години.