Убиствата во Калифорнија се “терористички напад”

0
450
FBI agents investigate a car in front of at a townhome in Redlands, California December 3, 2015 linked to the December 2 shooting rampage in San Bernardino, California. At least 14 people were killed in a gun attack on a holiday party in San Bernardino, in the country's worst mass shooting since the massacre of 26 people at Sandy Hook elementary school in Connecticut in 2012. A heavily armed man and woman killed 14 people and injured at least 17 at a social services center before the suspects died during a shootout with police. AFP PHOTO /ROBYN BECK / AFP / ROBYN BECK

Авторите на убиствата во Калифорнија, кои се случија пред два дена, се пар муслимани кои биле радикализирани, откри денес истрагата за овој трагичен настан во кој загинаа 14 лица а 21 беа ранети. Жената, според истрагата, се заколнала на верност на терористичката група Исламска држава.

Во текот на 48 часа истрагата не можеше да утврди дали станува збор за атентат или за убиствено лудило. Сега ФБИ верува дека знае зошто Саеј Фарук и Ташин Малик убиле повеќе лица.

Според повеќе американски медиуми, Пакистанката Малик имала 27 години и била мајка на 6 месечно девојче. Таа на својот Фејсбук профил напишала текст во кој се заколнува за верност за калифот на ИД Абу Бакр ал-Багдади.