Учебната година да почнува од 15-септември, туристичката сезона да се продолжи

0
715

Надлежните да го следат примерот на сосдните земји и да го пролонгираат почнувањето на учебната година од 15 септември, а туристичката сезона која претрпе загуби да биде продолжена до тогаш бараат туристички работници од Охрид и Струга.

Како причина за овие барања туристичките работници ги наведуваат немилете настани кои ја снајдоа земјава: лошото време во јуни и случувањата во Куманово кои предизвикале посетеноста да биде слаба а аранжманите да бидат откажани.

Бенефит за сите

„Би се продолжила и сезоната, а бенефит би имале и хотелите.Тогаш и хотелите би излегле со едни супер цени, септемвриски цени. Можеме да ја растеретиме сезоната со една убава класична сезона, а концертите да се одржуваат од 1-15 септември.Тогаш сезоната ќе биде прекрасна“, вели Љупчо Јузмески- туристички работник.

Други пак сметаат дека е неопходно државата да ја сфати потребата од пролонгирање на учебната година, следејќи го примерот  во соседна Бугарија каде истата стартува на 10 септември.

„Тоа се само десет работни дена во годината, кои можат да се одработат  во текот на зимата или пак да се учи до 15 јуни. Треба да седнат да го изгласаат овој закон и сите да имаме бенефит“, вели Јузмески.

Доколку се усвојат овие барања, се очекуваат повеќе туристи и во септември.