Ученици од Израел и Швајцарија во посета на битолските гимназијалци

0
1441

Размена на искуства, запознавање со културата и традицијата на една земја и стекнување на пријателства, е целта на трилатералната средба меѓу Фрибург -Швајцарија, Ерусалим-Израел и Битола -Македонија. Од синоќа учениците од гимназиите во Фрибург и Ерусалим се во посета кај своите сооученици од Гимназијата Јосип Броз Тито . Оваа трилатерална средба започнала во 2014 година кога околу 15 ученици од Јосип Броз Тито отишле во посета на гимназијата од Фрибург, а во јуни годинава се запознале и со културата и образованието на гимназијата од Ерусалим. Денеска учениците од ови две земји на наставен час во нашата гимназија

UCENICI 4 28.9.Still004

„ Денеска учениците од ове две земји се во посета на наставен час во нашата Гимназија.Освен што стекнуваат пријателство, се запознаваат со културата и традицијата на нашата земја“, изјави Кирил Печалев , директор на СОУ „ Јосип Броз Тито“

Гостите задоволни од гостопримството на битолчани и од добрата храна. Она што за нив било различно е тоа што еден наставен час слушале голем број на ученици, а не како кај нив помалку ученици во еден клас .

UCENICI

Учениците ќе бидат во Битола до недела. Денеска на нивната агенда, разгледување на културните знаменитости од градот, а до крајот на нивниот престој ќе го посетат и НП Маврово и манастирот Св.Јован Бигорски

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY