Училишната спортска сала во Могила именувана Иљо Лопатички

0
3562

-Денес е патронот на училиштето Гоце Делчев во Могила и по тој повод ја именувавме училишната спортска сала во училиштето во Иљо Лопатички. Сите могилчани добро знаат кој беше Иљо Лопатички. Тој беше наш сограѓанин, голем другар кој што загина во хелихоптерската несреќа пред две години. По желба на фамилијата и со одлука на Советот е донесена одлуката да се именува училишната спортска сала во Иљо Лопатички, изјави Стево Пивковски, градоначалник на Могила

-Денес патронот на училиштето ќе го одбележиме со низа активности, како спорски натпревари и приредба во која ќе се вклучени сите ученици од нашето училиште, изјави Лилјана КОстовска, директор на училиштето Гоце Делчев, Могила