Училиштата пред битолските советници

0
449

Пред битолските советници денес на дневен ред се најдоа основните и средните училишта во Општина Битола. Дискусијата ја започнаа од власта, обвинија дека на комисија опозицијата вршела попис на вработените во образованието.

-Училиште по училиште, ги испитуваа како на клупа пред некојси обвинител. Ги прашуваа директорите колку вработени има, со какви договори се, колку часови имаат. Како да прават попис, можеби база на податоци. Да не се подготвувате за јадење живи луѓе, рече Благој Шаклевски, советник од ВМРО ДПМНЕ. saklevski

-Мене ми е многу жал што човекот кој не беше присутен на комисиската расправа, ова го говореше како што му кажале дека некој бил иследник. Опозицијата е повикана да ги дознае сите информации во интерес на граѓаните , па дури и на моменти да делува иследнички, рече Наташа Петровска, советник од СДСМ.natasa

Се отвори и темата за Советот на родители.

-Многу експлоатирана тема, улогата на Советот на родители во управувањето на училиштето. Советот е тело кое се избира на најдемократски начин од самите родители, рече Соња Карапашовска, советник од ВМРО ДПМНЕ.sonja

-Ако видите кој е во Советот на родители, ќе видите дека братучетка на директорката е таму, родителите ја избрале, не директорот, вели Петровска.

Од опозицијата обвинија дека програмите и извештаите не се стандардизирани, додека од владејачкото мнозинство рекоа дека дел од забелешките дадени на претходните седници кога биле на тема училиштата биле имплементирани од училиштата.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY