Учиме од Долна Нормандија како да си го продаваме туризмот

0
772

Скоро десет година трае соработката меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, додека пак последниве четири години, таа соработка се интензивира и со Пелагонискиот регион.

Емилиа Ѓероска раководител на ЦРППР вели дека столбот на соработката е ставен на културното наследство во функција на равој на трузмот.

Токму овој регион посебно месноста Мон Сент Мишел, дури во 80 % локалното население живее и се занимава со туризам, негова промоција, презентација и понуда, па во овој период главно соработката Пелагонискиот регион ќе ја насочи, да ја научи оваа техника со можност локалното насление да го стави во активна улога. Првиот чекор веќе е направен со обележувањето на петте планинаски патеки обележани со туристички патокази за посета на околу 50 цркви, манастири, конаци и други верски објекти.

Ѓероска додава дека на овој начин туристите ќе можат преку апликација за телефон на англиски и француски, сами да ги изодат патеките и да видат што имаме да понудиме.

Аликацијата ќе содржи и имиња на самите водачи, целта е престојот кај нас да го понесат со себе, а воедно и да остават приход за локалното население. Ѓероска додава дека потенцијал имаме, истиот е промовиран, но неопходно е вели таа, да се креира оформен производ со цена.