Учиме за оперската музика од мали нозе

0
472

Македонската опера и балет продолжува со практиката за музичка едукација на најмладата популација. Во центарот за култура Битола, гостуваа со адаптираната опера за деца Малата волшебна флејта-на Моцарт.

Во оваа опера преку убавата музика на Моцарт, децата имаат можност да дознаат одговори на неколку прашања-Дали Сарастро е навистина лош волшебник, за разлика од Моностатос? Што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже? Зошто Кралицата на Ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него, за возврат? Што добиваат Тамино и Папагено, од Памина и Папагена и што на крајот победува?

Режисер на операта е Урсула Хорнер од Австрија, сценограф е Марија Ветероска, адаптацијата на костимографијата е на Марија Пупучевска, а асистент на режија е Љупка Јакимовска.

Операта беше изведена во рамките на овогодинешната програма на Центарот за култура, во годината на големи настани и концерти, година во која музичко сценската дејност го има акцентот.

Во рамките на содржините за најмладите, на 18 ти мај, македонската Филхармонија, гостува со концертот Петре и волкот.