Удрени темелите на првата градинка во Новаци

0
1006

Започна изградбата на детската градинка во Новаци.Денес беше ставен камен темелник . Во истата ќе бидат згрижени околу 100 деца од претшколска возраст.

На мое големо задоволство со градоначалникот Котевски, денеска го поставивме камен темелникот за изградба на првата детска градинка во општина Новаци . Имено станува збор за инвестиција вредна околу 6,5 милиони денари.Министерството за труд ќе ја преземе одговорноста за комплетно опремување на внатрешноста на овој објект додека општината ќе инвестира во нејзина изградба. Се очекува објектот да биде завршен до крајот на оваа година. Градинката ќе има можност да згриже околу 100 дечиња на претшколска возраст, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика на Р.Македонија .

13256354_1307330142628100_6400856218018041477_n

Во општина Новаци се отворените 5 Центри за ран детски развој во кои се згрижувааат  дечињата од претшколска возраст.Со заедничка соработка меѓу Министерството за труд и општина Новаци отворена е дисперзирана канцеларија на центарот за социјални работи во Новаци

Оваа градинка ќе ни биде од голема корист и тоа не само за нашите деца од село Новаци туку и за околните села. Сега моментално овој центар секојдневно го посетуваат околу 30 дечиња и тоа само од Новаци. Постои голем интерес затоа што родителите се вработени и нема кој да им  ги чува децата а со детската градинка тој нивен проблем ќе  им биде решен. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Владата на РМ од 2009 година па досега има отворено околу 46 детски градинки,  над 26 центри за ран детски развој како институции за згрижување на деца од претшколска возраст

-Во статистички податоци тоа значи ако во 2006 биле згрижени околу 15 000 дечиња сега се над 38-39 000 деца згрижени во детските градинки ширум РМ. Акциониот план на оваа Влада предвидува отоврање на  најмалнку 10 градинки годишно во цела држава. За оваа година околу планираме отворање на  12-13 вакви објекти , додаде Спасов

За време на посетата министерот Спасов го посети манастир Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.