Удрил во излог од продавница – има и повредени

0
324

Двокатен автобус утринава удрил во една продавница во Лондон, при што повредени се неколку лица, а две се заробени на горниот спрат.

Возачот е одвезен во болница, а патниците биле згрижени на лице место од страна на Лондонската амбулантна служба.

Инцидентот предизвикал сообраќаен колапс, а полицијата ги замолила граѓаните да ја избегнуваат улицата Лавандер хил, каде што се случила несреќата.

http://www.press24.mk

Без коментари